Триесет лица се затруени во градот Вербанија, во северна Италија, поради истекување гас од хемиска фабрика, а три е хоспитализирани, јавуваат локалните медиуми.
Агенцијата АНСА наведува дека истекувањето се случило во фабрика за галванизација, која припаѓа на паневропската фабрика „Галванопласт“.
На самото место биле повикани карабинери, полиција, пожарникари и инспектори за индустриски несреќи.
Засега не е познато што точно го предизвикало труењето, а можно е штетниот гас да истекол кога по грешка натриум бисулфат бил измешан со некоја киселина.
Медиумите јавуваат дека токсичниот облак е ставен под контрола.