Утрински Весник
Свет

На првата трансродова жена и се заканува егзекуција закажанa за утре

На првата трансродова жена и се заканува егзекуција закажанa за утре

Амбер Меклафлин е првата трансродова жена која утре ќе се соочи со егзекуција во американската сојузна држава Мисури, бидејќи е осудена на смрт за убиство на својата поранешна девојка. Убиството го извршила во 2003 година.

dobivaj vesti na viber

Според АП, таа ќе биде погубена утре, освен ако не биде спасена во последен момент од милоста на гувернерот на Мисури, Мајк Парсонс.

Пред промената на полот, Меклафлин била во врска со Беверли Гантер, кого го следела по раскинувањето и на крајот го убила и го фрлила нејзиното тело во близина на реката Мисисипи.

Таа беше осудена на смрт со смртоносна инјекција во 2006 година за убиство од прв степен, а по серија жалби, пресудата беше потврдена во 2021 година.

Меклафлин пред три години во затвор почнала со хормонска терапија, која го променила полот и станала жена,пренесе Аваз.ба.

Можете да прочитате

Арагчи: Во моментов нема можност за продолжување на преговорите со САД

Реактор во нуклеарна централа во Јапонија се исклучи откако се активира аларм за проблем со генераторот

Во Британска Колумбија прогласена вонредна состојба поради пожар, евакуирани се 22.000 луѓе