Утрински Весник
Магазин

Најприфатливи земји за удобен и финансиски пристапен живот во странство

20221112133428 big 730x400 2.webp.webp
Dik 300x250 mk

Со зголемувањето на трошоците за живот и глобалната економска несигурност, преселбата во странство станува начин да се дојде до подобар живот со помалку трошоци и повеќе пари. Во таа смисла, Виетнам е најприфатлива и „убедливо најпријателска“ земја за преселниците и доселениците, петта година по ред, според „Индексот на лични финансии“, и истражувањето „Експат инсајдер“ (Expat Insider) за 2025 година.

Испитувањата се спроведуваат од 2014 година, од страна на „Интернејшнс“ (InterNations) – интернет-платформа и глобална заедница на иселеници. Опфатени се 46 држави (како цел на преселбата) и 10.000 иселеници од 172 националности кои живеат низ целиот свет. Инаку, државите во Азија доминираат на списокот, кога говориме за лични финансии и трошоци за доселениците, а ниту една европска земја не се најде на топ-10 листата. Од првите 10 земји, шест се од Југоисточна Азија: Виетнам (1), Кина (4), Тајланд (5), Индонезија (6), Филипини (7) и Малезија.


„Во споредба со 2024 година, девет од првите 10 земји ја задржуваат оваа титула. Само Малезија е нова – се искачи од 11. на 9. место од минатата година“, се вели во извештајот.

Списокот од топ-10 држави го дополнуваат: Колумбија (место бр. 2), Панама (3), Мексико (8) и Бразил (10. место).

Дури 89 отсто од преселниците во Виетнам се задоволни од својата нова татковина, а 87 отсто рекле дека нивниот расположлив приход на домаќинството е доволен. Од испитаниците е побарано да ја оценат својата финансиска состојба, вкупните трошоци за живот и нивниот расположлив приход на домаќинството – т.е. дали сѐ тоа е доволно за удобно и задоволително живеење во новата држава.

За споредба, на светско ниво, просекот е 40 насто задоволни од животот во земјата на преселба и 69 отсто задоволни од приходот и трошоците, според извештајот.

Во Колумбија, мнозинството испитаници рекле дека нивниот расположлив приход е доволен за удобно живеење – 92 отсто. Овде, ниту еден преселник во земјата не ги навел трошоците за живот како главна грижа пред да се пресели, што е спротивно на глобалниот просек од 21 отсто.

Во случајот со Панама – таа е особено популарна меѓу пензионерите – 35 насто од оние што се преселиле таму веќе биле во пензија, во споредба со само 11 отсто на глобално ниво, покажуваат податоците.

Следат најмалку прифатливите 10 земји за преселба: 1. Канада, 2. Обединето Кралство, 3. Финска, 4. Турција, 5. Катар, 6. Сингапур, 7. Јужна Кореја, 8. Ирска, 9. Австралија, 10. Норвешка. Овие држави се наоѓаат на другиот крај на листата од 46 земји. 

Можете да прочитате

Самоубиство на млада Тикток ѕвезда ја потресе јавноста: Почина Еман Атиенза 

Комарци првпат забележани на Исланд

Бела пилешка чорба – 24info.mk