Според „Калчомеркато“, претседателот на Интер, Стивен Жанг е во опасност да добие тримесечна казна затвор поради долгови во Хонгконг.
Според нивните информации, Кинеската банкарска коропрација ЦББА го обвинува Жанг дека не вратил 300 милиони евра во долгови, нешто што може да има драстични последици за 31-годишниот кинески бизнисмен. Кредиторите го тужа Жанг во САД, во Милано и во два случаи во Хонгконг, каде што на 13 март ќе мора да се појави на суд и да докаже дека не долгува пари.
Жанг според законите во Хонгконг може да добие казна од затвор од 3 месеци за прикривање на свои имоти и други средства.
#Inter, avanzano i creditori di #Zhang: ‘Rischia il carcere a Hong Kong. Ecco cosa succede. https://t.co/O7YdwIfekf
— calciomercato.com (@cmdotcom) February 3, 2023