Утрински Весник
Македонија

На пратеникот Сашко Јанчев од Левица му се одземаат возачката и патната исправа – прифатени мерките по сообраќајката

Jancev soobrakajka.jpg

Судија на претходна постапка при Кривичниот суд во Скопје ги прифати мерките на претпазливост што ги предложи Обвинителството за пратеникот на Левица, Сашко Јанчев, кој е осомничен за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.

Со одлуката, на Јанчев привремено му се одземаат патната исправа и возачката дозвола, со што му се ограничува можноста да ја напушти државата и повторно да управува моторно возило. Целта на ваквите мерки е да се обезбеди негово присуство и непречено водење на кривичната постапка.


Јанчев е осомничен за сообраќајната несреќа што се случи во неделата по полноќ во село Марино, кога управувајќи со „Хјундаи тусон“ удрил во мопед „Јијинг“ управуван од 16-годишен малолетник. Од судирот тешко беа повредени возачот на мопедот и неговата 13-годишна сопатничка, додека полесни повреди доби сопатникот на Јанчев.

Според извршените анализи, ниту еден од возачите не бил под дејство на алкохол или други супстанции. Автомобилот и мопедот се подигнати за вонреден технички преглед, а во тек е и сообраќајно вештачење.

Обвинителството најави дека ќе продолжи со прибирање на докази за целосно расчистување на случајот.

Можете да прочитате

Зајкова: Уште колку жени ќе убие молкот?

Вонреден инспекциски надзор во ЦСР Скопје по вчерашната трагедија во Карпош

Апасиев: Итно е потребна радикална реформа на заостанатите Центри за социјална работа