Утрински Весник
Македонија

На полноќ истекува рокот за пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај

1713599440 Izbori.webp.webp

На полноќ истекува рокот за пријавување на избирачите кои се болни или немоќни за да може да бидат посетени во своите домови на 7 мај и да гласаат на парламентарните избори.

Пријавувањето е во Општинските изборни комисии и се однесува само за парламентарните избори, додека прифатените барања на болните и немоќни лица за гласање на претседателските избори на 24 април се важечки и за вториот круг од претседателските избори.

-Избирачот кој не е во можност да гласа на гласачкото место (немоќно или болно лице), а сака да гласа за тоа ќе ја извести ОИК најдоцна 7 дена пред денот определен за гласање односно до 30 април на полноќ, стои во Роковникот за парламентарните избори на Државната изборна комисија.

За лицата кои се болни или немоќни а сакаат да гласаат исто така до ОИК треба да биде доставена соодвтена медицинска документација.

На 4 мај истекува рокот за барања за гласање на лица кои се во домашен притвор.

Болните и немоќните, затворениците, лицата во домашен притвор и лицата во старските домови гласаат еден ден пред изборите и тоа на 7 мај. 

Можете да прочитате

Телефонски разговор на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саʼар

Лишен од слобода кумановец, управувал возило со 3,08 промили алкохол во крвта

Расправија меѓу малолетници прерасна во групна тепачка во Шуто Оризари