Утрински Весник
Македонија

На новогодишната ноќ на Токсикологија 18 лица со акутно труење, најмладиот има 14 години

20250101105505 Big 730x400 49.webp.webp

На новогодишната ноќ со акутно труење од алкохол на Клиниката за токсикологија во Скопје биле примени 18 пациенти, а најмладиот има 14 години, додека 13-годишно дете се здобило со тешки повреди на раката од петарда и ќе има траен инвалидитет.

Генералната оценка на здравствените институции во Скопје е дека ноќта поминала прилично мирно со помал обем на работа.  


– На Универзитетската клиника за токсикологија новогодишната ноќ помина прилично мирно. Прегледани се вкупно 21 пациент од кои 18 како акутни труења со алкохол. Од тие 18 четири се женски, а 14 машки. Кај женските најмладата пациентна е 17, а најстарата 26, а кај машките најмладиот е 14, а најстариот 38 гдини. Вообичаено како секоја година имаме помалку пациенти од минатата година, изјави Андон Чибишев, директор на Клиниката за токсикологија во Скопје. 

Еден од  пациентите измешал алкохол и таблети.  Акутното труење е индивидуално и, како што појасни Чибишев, може да се случи и со две чаши алкохол.   

– Труењата со алкохол до 25 години се животозагрозувачи состојби и треба  многу да се внимава, тоа е едниот проблем, а другиот е што има пациенти што тоа го зачинуват со медикаменти што  е уште поопасна состојба која може да предизвика сериозни нарушувања на здравјето. За среќа ниту еден пациент не задржан после примената терапија и сите се пуштени на домашно лекување со совет како да се однесуваат во наредните денови,  изјави Чибишев.

И дежурството на новогодишната ноќ во Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридкси“, според директорт Небојша Настов, поминало мирно, со вообичаен број на итни пациенти како во нормалните денови. Вкупно се прегледани 81 пациент, пет како последица на сообраќајни несреќи, тројца се од физички пресметки и извршени се три оперативни интервенции.

 – За среќа во текот на новогодишната ноќ немаше повреди од петарди и огнострелно оружје, тоа беше зачестено во период пред празниците. Во последниот месец имаше 50-ина претежно малолетници на возраст од 12 до 17 години, рече Настов, посочувајќи дека за жал најверојатно се користат се поголеми петарди со поголемо барутно полнење и оставаат трајно оштетување кај децата. 

На ТОАРИЛУЦ, Ургентниот центар, КАРИЛ и Ортопедија, како што информираше доктор Игор Мерџановски, имало помалку работа за 30 проценти од претходните години.

– Направени се 35 прегледи од кои кај 9 лица од сообраќајки со лесни телесни повреди и тие пациенти се пуштени на домашно лекување. Имаме двајца пациенти од физички напад, едниот е задржан на опсервација и во текот на денов ќе биде пуштен дома, како и 13.годишно дете со тешка повреда на раката од петарда, кое веќе е оперирано на Детската клиника за хирургија и најверојатно ќе биде со инвалидитет на раката. Примене и еден странски државјанин  во алкохолизирана состојба со повреда на ноост и главата, згрижен е и пуштен е на домашно лекување, изјави Мерџановски

Можете да прочитате

Драмата на Весна Петрушевска – Ќерката Мина се бореше за живот во Дубаи

Вторник неработен ден за сите- Ова се неработните денови во 2025 година

Мицкоски ќе го пушти во употреба експресниот пат Куманово-Крива Паланка на Коридор 8