Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

НАЈНОВА МЕТЕО ВЕСТ: РЕГИОНОТ Е ВЕЌЕ ПОГОДЕН ОД ОБИЛНИ ДОЖДОВИ И СИЛНИ ВЕТРИШТА – ИМА И ШТЕТИ!

417512405 7313641628751481 7755452297699209284 n 660x330 1.jpg
Img 7972

Метео анализа на Славчо Поповски:

Уште од утринава регионот е веќе зафатен од најавениот длабок циклон кој е со центар над северозападна Европа. Обилни врнежи од дожд има веќе во југозападна Босна, овие врнежи полека ќе навлегуваат во Црна Гора, потоа и на северот од соседна Албанија. Локално се очекува да наврнат и над 100 литри дожд на метар квадратен, со што постои можност и за локални поплавувања.

На високите планини ќе има обилни врнежи од снег, со што локално ќе се формира снежна покривка со висина од над 30 сантиметри.

Заследете ја мојата официјална фејсбук страница Славчо Попоски – МЕТЕО Прогнозер и мојот официјален инстаграм профил https://www.instagram.com/slavchopoposki/

Инаку изминатата ноќ олујниот ветер направи многу штети во Босна, особено во градот Цазин, северозападна Босна

Кај нас во Македонија овој викенд ветерот ќе достигнува брзина од над 60 км/час и ќе биде од јужен правец, а ќе има и локални послаби врнежи од дожд. Сепак ќе биде невообичаено топло за овој период од годината и понатаму, па така во најтоплите централни и југоисточни предели температурите ќе се искачат  и до околу 20 степени.

Можете да прочитате

Филипче: Масовно излезете на 19 октомври, да ја зачуваме Македонија како дом за сите

Мицкоски до Ахмети: Политиките на ДУИ ја испразнија Македонија и го намалија бројот на ученици Албанци

Филипче од Валандово: СДСМ е движење на храбрите кои ја сакаат својата земја