Утрински Весник
Свет

На неколку часа пред погребот на Навални нема погребна кола за да се превезе телото во црква !

Pogreb navalni.jpg

Поранешниот руски опозициски лидер Алексеј Навални треба да биде погребан денеска, но членовите на неговиот тим тврдат дека сè уште се соочуваат со тешкотии при организирањето на церемонијата. Неговата портпаролка Кира Јармиш потврди дека не успеале да најдат погребна кола за да го однесат телото во црквата. „Роднините пристигнаа во мртовечницата во 10 часот кога требаше да го предадат телото на Алексеј. Телото сè уште не е предадено“, напиша Кира Јармиш на „Икс“. Таа рече дека планираниот распоред на погребната церемонија „сè уште не е променет“, но предупреди на можноста за одложување. „Непознати лица се јавуваат во мртовечниците и им се закануваат ако прифатат да го преземат телото на Алексеј“, рече таа. Погребот треба да се направи на гробишта „Борисовскоје“ во 16 часот по московско време. Погребот ќе се пренесува во живо на јутјуб-каналот на Навални. Луѓе веќе почнаа да се собираат пред црквата, каде што ќе се одржи комеморацијата. Присутна е силна полициска заштита, а во близина се стационирани и десетици полициски возила. Рускиот опозициски лидер почина на 16 февруари во руски затвор на Арктичкиот круг.

Можете да прочитате

Масовни апсења деца во Европа, планирале терористички напади врз концертни сали и верски објекти

Првпат во историјата светот ја сака Кина повеќе од САД: Трамп е помалку популарен од Путин

Најмалку десет жртви во израелски напад врз училиште во Газа