Утрински Весник
Македонија

Најмногу дожд во Крушево и Маврови Анови, времето денеска променливо облачно и нестабилно

Dozd.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврнал во Крушево, 26 литри, и во Маврови Анови, 23 литри на квадратен метар, информира УХМР.

Според мерењата до 8 часот утрово, во изминатото деноноќие 14 литри наврнат воде талог е измерен во Скопје – Петровец, 13 во Охрид и Битола, 11 на Попова Шапка, 8 во Крива Паланка, Претор и Тополчани, 7 во Лазарополе, 3 литри во Берово, 2 во  Скопје – Зајчев Рид, Куманово, Прилеп и Пожаране и 1 литар во Тетово и Демир Капија.


За денеска УХМР прогнозира променливо облачно и нестабилно време со повремени локални врнежи од дожд и грмежи.

-Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 26 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. 

Во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Максималната температура ќе достигне 25 степени. 

Можете да прочитате

Политички судир: Реформи на СДСМ наспроти националниот наратив на ВМРО-ДПМНЕ за влез во 2026 година

34 автомобили оштетени на паркинг во Аеродом

СДСМ обвинува дека власта го следела Филипче