Утрински Весник
Свет

Најмалку шест луѓе загинаа во вооружен инцидент во дискотека во Мексико

20241124184001 Big 730x400 45.webp.webp

Најмалку шест лица загинаа, а десет се повредени откако група непознати напаѓачи отворија оган во дискотека во мексиканскиот град Виљаермос.

Окружното обвинителство соопшти дека напаѓачите влегле во дискотеката да убијат едно лице, а другите жртви се „колатерална штета“.

По инцидентот напаѓачите побегнаа, а властите немаат информации каде се наоѓаат, ниту колку луѓе биле вклучени во нападот

Можете да прочитате

Партијата на Нетанјаху: Арапските партии ги украдоа изборите

Два брзи воза се судрија во Шпанија, над 50 загинати

Руски медиуми: Хеликоптер на германското воздухопловство леташе во близина на руската граница