Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Најмалку еден ученик загина при уривање на училиште во Индонезија

20250930094918 big 730x400 84.webp.webp
300x250 opst2

Еден ученик загина, а 65 деца на возраст од 12 до 17 години се под урнатините на училишна зграда во индонезискиот град Сидоарџо.

Најмалку 99 ученици се повредени откако вчера се урна училишната зграда на Исламскиот интернат Ал Козини.


Спасувачите денеска, 12 часа по несреќата, интензивно работат на извлекување на децата од под урнатините.

Се претпоставува дека бројот на загинати би можел да се зголеми, со оглед на тоа што некои повредени ученици се во тешка здравствена состојба.

Според портпаролот на полицијата, зградата се урнала додека учениците биле на попладневна молитва. Тој истакна дека зградата се урнала поради неовластено проширување и оти попуштиле темелите под двата ката бетон.

Можете да прочитате

Жена од Калифорнија доби отштета од 17 милиони долари за брутално приведување

Арапски, муслимански и европски држави го поздравија планот на Трамп за Газа

„Ројтерс“: Нетанјаху му се извинил на Катар за нападот врз Доха