Утрински Весник
Свет

Најмалку две лица убиени во напад со нож во училиште во Словачка

Cityscape Bratislava Slovakia 696657 29528 1.jpg

Најмалку две лица се убиени во училиште во источна Словачка откако ученик ги избоде со нож.

Инцидентот се случи во местото Спишка Стара Вес.


Лекарите од итната помош констатирале смрт на две лица. Според нив едно лице е во критична здравствена состојба.

Засега не е познат бројот на повредени луѓе.

Напаѓачот, 18-годишен ученик е приведен брзо по нападот. Според полицијата осомничениот нападнал учителка и двајца ученици

Можете да прочитате

Трамп стопира напади врз Иран две недели

Италијанскиот министер за одбрана: Светот полуде

Иранскиот потпретседател: Не се плашиме од Трамп