Утрински Весник
Свет

Најмалку двајца загинати и повеќе од 220 повредени во експлозија на гас во Најроби

Во голема експлозија на гас во кенискиот главен град Најроби загинаа најмалку две лица, а 222 се повредени.

Камион што превезувал гас експлодирал во областа Ембакаси околу 23:30 часот по локално време по што „се запалила огромна огнена топка“, изјави владиниот портпарол Мваура.

Домови, деловни објекти и автомобили беа оштетени во пожар кој беснее во близина на станбени блокови. Претходно владата соопшти дека експлозијата се случила во фабрика за гас.

Причината се уште се утврдува. Мваура рече дека огнената топка од експлозијата „многу се проширила“, а плинска боца која летнала од експлозијата удрила во складиште за облека и текстил и го запалила.

Се известува дека пожарот се проширил и низ неколку станбени комплекси. Многу од повредените имаат последици од вдишување и меѓу нив има најмалку 25 деца, пишува весникот „Стандард“.

Можете да прочитате

Лула да Силва не го менува ставот дека Израел извршил геноцид во Појасот Газа

Трамп: Поради обвиненијата против мене, имам поголема поддршка од Афроамериканците

(Видео) Бајден ја прекрсти вдовицата на Навални наместо Јулија ја нарече Јоланда !