Утрински Весник
Свет

Најмалку 29 Палестинци загинаа во израелски напади низ Појасот Газа

Gaza.webp.webp

Најмалку 29 Палестинци беа убиени рано утринава во израелски воздушни напади врз кампови во кои се сместени раселените лица во неколку области во Појасот Газа, вклучувајќи ги Беит Лахија, Деир ал Балах и градот Ал-Заваида, објавија палестинските медиуми.

Се прецизира дека 20 лица се убиени во напад на куќа во Беит Лахиа на северот од Појасот Газа, а две лица се убиени во напад на бегалски камп во Деир ал Балах во централниот дел на енклавата.

Во нападот на кампот во Ал-Заваида загинаа четири лица, додека неколку други се повредени.

Можете да прочитате

Зеленски: Русија лансираше 2.100 дронови за една недела

Русите го нападнаа украинско-полскиот граничен премин

СДСМ: За лотото на Мицкоски од 5,5 милиони евра за прославата мора да се отвори истрага по трагата на парите