Утрински Весник
Свет

Најмалку 20 загинати, меѓу кои и деца, во израелски воздушен напад врз училиште во Газа, претворено во прибежиште

831639 Mkd.mk .jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Најмалку 20 лица, меѓу кои и деца, загинаа во израелски воздушен напад врз училиште, претворено во засолниште во централниот дел на Појасот Газа, соопштија локалните болници.

Во нападот синоќа во Нусејрат загинаа и две жени. Во училиштето беа сместени некои од многуте Палестинци раселени од повеќе од едногодишната војна во Газа.

Според Министерството за здравство на Газа, над 42,000 Палестинци се убиени во бомбардирањето и копнената операција на Израел во Газа.

Податоците на министерството не прават разлика меѓу борци и цивили. Палестински медиуми, доцна синоќа, јавија дека во израелски воздушен напад во Појасот Газа загинале пет деца. 

Можете да прочитате

Кирибати прва ја дочека 2026 година

САД ангажираат 400 адвокати за проверка на пет милиони страници од досиејата на Епстин

Иран со остра порака до САД и Израел по заканите на Трамп