Утрински Весник
Свет

Најмалку 19 лица загинаа, а 30 се повредени при уривање на дел од автопат во јужна Кина

99be2adca159d89a8f28c83abc9deb48.jpg

Најмалку 19 лица загинаа денеска при уривање на дел од автопат на југот на Кина, во провинцијата Гуангдонг, јави кинеската државна телевизија CTV. Дел од патот долг 17,9 метри се урна околу два часот наутро, објавија властите во главниот град на Гуангдонг, Меижоу.

„Околу 11:45 часот по локално време, под урнатините (на патот) се пронајдени 18 автомобили. Властите потврдија 19 смртни случаи, а уште 30 лица се во болница, но нивните животи не се во опасност“, јави ЦТВ.

Поројни дождови паѓаат во областа во изминатите неколку дена.

Можете да прочитате

Мелони: Европа мора да се договори за единствен претставник во преговорите за Украина

Во Полска уапсена група осомничена за продажба на делови за оружје на Русија

Масовни протести и генерален штрајк во Франција со барање за значително зголемување на минималната плата