Утрински Весник
Свет

Најмалку 18 луѓе загинаа во терористички напад во Сомалија

20240915084632 Big 730x400 48.webp.webp

Најмалку 18 луѓе загинаа, а десетмина се повредени во бомбашки напад во главниот град на Сомалија, Могадишу.

Полицијата соопшти дека припадници на исламистичката терористичка група Ал Шабаб детонирале две бомби во квартот Кахда.

Ал Шабаб контролира делови од Сомалија, но изминатите години беше истисната од главниот град. Но, последните месеци се интензивираа нападите врз владини објекти, хотели и ресторани во Могадишу повторно се зголемија во последните месеци.

На 21 август, 10 лица загинаа во експлозија на автомобил-бомба во Могадишу, а 11 лица загинаа во терористички напад врз ресторан во средината на минатиот месец. Неколку дена претходно терористи нападнаа хотел на плажа и убија 20 луѓе.

Можете да прочитате

Повеќе од 900 загинати и над 50.000 исчезнати во Венецуела

САД го нападнаа Иран, Иранците возвратија

Германија денеска забележа апсолутен температурен рекорд