Утрински Весник
Свет

Најмалку 18 лица загинаа во невремето во САД

2 2.jpg

Најмалку 18 лица загинаа, а неколку стотици се повредени за време на викендот во силно невреме во Тексас, Оклахома и Арканзас во Соединетите Американски Држави.

Невремето предизвика најголема штета во регионот кој се протега од северниот дел на Далас до северозападниот агол на Арканзас, додека постои закана од уште полошо време да ги погоди и другите делови на американскиот среден запад.

Синоптичарите веруваат дека најголем ризик ќе има во источниот дел на САД, на широк простор од Алабама до близу Њујорк.

Гувернерот на Кентаки, Енди Бешеар, прогласи вонредна состојба, наведувајќи „повеќе извештаи за штета од ветер и торнадо“.

Можете да прочитате

Зеленски: Три опремени тимови на украински воени експерти за беспилотни летала пристигнуваат во Катар ОАЕ и Саудиска Арабија

Зеленски: Русија се обидува да ја искористи ситуацијата околу Иран за да се извлече од меѓународните санкции

Веб-страницата на албанскиот парламент преземена од ирански хакери