Утрински Весник
Свет

Најмалку 17 загинати од удар на гром

Најмалку 17 загинати од удар на гром

Најмалку 17 лица загинаа како резултат на удар на гром во источната индиска држава Бихар.

dobivaj vesti na viber

Според извештајот на Манила Тајмс, гром удрил во неколку области во државата Бихар по обилните дождови.

Загинале 17 лица, меѓу кои и шест работници кои работеа на терен.

Премиерот Нитиш Кумар, изразувајќи жалење за инцидентот, најавил дека на семејствата на загинатите ќе им бидат исплатени по 5.000 долари.

Метеоролозите предупредија дека пет дена ќе важат неповолните временски услови на североистокот од земјата.

Можете да прочитате

Маск повеќе не е најбогатиот човек на светот

Над 40 Палестинци убиени во израелските напади во Појасот Газа

Водени топови, солзавец и судири со полицијата: Над 400 лица уапсени на протестите во Франција