Утрински Весник
Свет

Најмалку 15 мртви во стампедо на хиндуистичкиот фестивал Кумб Мела во Индија

20250129073742 Big 730x400 88.webp.webp

Најмалку 15 лица загинаа во текот на ноќта во Прајаграј, северна Индија, за време на стампедо во Кумб Мела, масовен хиндуистички аџилак.

Многу аџии се повредени во несреќата, некои тешко, и се хоспитализирани, изјави еден од лекарите во болницата Свароп Рани Нехру во Прајаграј, каде што жртвите се евакуирани.


Локалните власти и безбедносните сили се уште не објавија извештај за стампедото.

Кумб Мела се смета за најголем религиозен собир во светот, на кој присуствуваат милиони хинду верници од цела Индија за да се капат во светите реки Ганг и Јамуна.

Ритуалното капење се одржува на секои 12 години, а според хинду традицијата овозможува да се измијат гревовите и да се ослободи од циклусот на повторно раѓање и реинкарнација.

Оваа година, масовниот фестивал се одржува од 13 јануари до 26 февруари, а властите најавија повеќе од 400 милиони учесници, што го прави најголемиот собир до сега.

Верските собири се често место на смртоносни несреќи во Индија поради лошото управување со толпата и безбедносните недостатоци.

Минатиот јули, повеќе од 120 луѓе загинаа во државата Утар Прадеш за време на стампедо на собир на повеќе од 250.000 верници кои дојдоа да го слушаат познат хинду проповедник.

Можете да прочитате

САД подготвуваат предлог-закон за санкции од 500 отсто за земји што купуваат руска енергија

САД воведуваат 35 отсто царини за Канада, Трамп најавува тарифи за повеќето трговски партнери

Трамп: Во понеделник „голема изјава“ за Русија