Најмалку 15 лица загинаа кога брод со мигранти потона во близина на брегот на островот Лезбос, соопшти грчката крајбрежна стража.
Според извештаите, петмина ja преживеале несреќата, а спасувачката операција е во тек.
Гумениот чамец во кој се превезувале околу 40 мигранти потонал поради силниот ветер.
Неколку часа претходно властите известија дека едрилица со околу 95 луѓе потонала кај островот Китера, недалеку од Пелопонез.
Некои од преживеаните успеале да допливаат до брегот, а во акцијата на пожарникарите и полициските служби, како и на бродовите во околината, спасени се 80 луѓе.
Надлежните изјавија и дека десетина лица се водат како исчезнати, а не е соопштена националноста на патниците од едрилицата.
Лезбос во Егејското Море, заедно со другите грчки острови во близина на западниот брег на Турција, е една од главните порти за мигрантите кон Европа.