Утрински Весник
Свет

Најмалку 13 загинати и 20 ранети во самоубиствен напад во Сомалија

Најмалку 13 загинати и 20 ранети во самоубиствен напад во Сомалија

Најмалку 13 војници загинаа, а најмалку 20 се ранети денеска, во напад на бомбаш самоубиец на воената академија Џала Силад во сомалиската престолнина Могадишу, а одговорноста за нападот ја презеде милитантната група Ал Шабаб.

dobivaj vesti na viber

„Војниците стоеја во редот кога бомбашот-самоубиец се разнесе“, рече капетанот на сомалиската армија, Али Фарах, пренесе Ројтерс.

Во соопштението Ал Шабаб тврди дека бомбашот убил 73, а ранил 124 војници.

Воената кампања почната минатата година од владините сили и сојузничките милиции ја принуди Ал Шабаб, група поврзана со Ал Каеда, да излезе од големи делови од територијата во јужна Сомалија, но милитантите продолжија да вршат смртоносни напади.

На крајот на мај, во нападите на Ал Шабаб загинаа најмалку 54 мировници од Уганда во база јужно од Могадишу.

Ал Шабаб се бори од 2006 година за да ја собори централната влада на Сомалија и да воспостави сопствено владеење, врз основа на строго толкување на исламскиот шеријатски закон, пренесува агенцијата.

Можете да прочитате

Околу 40 убиени во нови напади на израелската војска врз цивили околу точките за дистрибуција на помошта во Појасот Газа

Три години живеел со телото на мртвиот брат, го нашле мумифициран

Седум лица загинаа во поплава во северен Пакистан