Утрински Весник
Свет

Најмалку 12 загинати и над 100 повредени во експлозии во Сирија

20250724203515 big 730x400 73.webp.webp

Најмалку 12 лица загинаа, а повеќе од 100 се повредени во серија експлозии што денеска се случија во склад за оружје во северозападна Сирија, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права.

– Неколку експлозии во складиште за оружје и муниција кое ѝ припаѓа на Туркестанската исламска партија (ТИП) предизвика најмалку 12 жртви и повеќе од 100 повредени во Марет Мисрин, во северната провинција Идлиб, соопшти невладината организација.


ТИП е мала џихадистичка група активна во регионот Идлиб, составена од ујгурски борци кои преминале во Сирија за време на граѓанската војна за да се борат против поранешниот претседател Башар ал Асад.

Меѓу загинатите се жена и дете, според податоците на Опсерваторијата за човекови права со седиште во Велика Британија, која има широка мрежа на извори во Сирија.

Можете да прочитате

Маж починал на лет од Истанбул кон Сан Франциско- телото мистериозно исчезнало

Нова трагедија на Крит: Девојче се задави со суфлаки

Во Газа досега загинаа 232 новинари