Утрински Весник
Македонија

На Клиника за ортопедија извршена втора успешна трансплантација со коска од починат донор

Vtora Transpl Pct 960x720 1.jpg
Dik 300x250 mk

Уште една успешна трансплантација со коска од починат донор, втора во изминатово деноноќие.

Трансплантацијата е извршена на 19 годишен пациент за корекција на деформитет на стапало како резултат на церебрална парализа.
-Во минатото корекција на деформитет се правела со користење на дел од надворешната коска на потколеницата која се земала од пациентот. Притоа се појавувал дефект кој тешко се корегирал. Со користењето на коска од кадавер, оперативниот зафат трае многу пократко и не остава дефект на друго место кај пациентот, а и корекцијата е многу постабилна.


Екипата која ја изврши трансплантацијата ја предводеше проф. д-р Зоран Божиновски со анестезиологот д-р Лилјана Ангелеска и асистенти д-р Теодора Божиновска и Кристина Јордановска, заедно со средно-медицинскиот кадар Менче Дојчиновска и Оливера Лазаревска.
Експертизата и стручноста остануваат наш императив и силно сме фокусирани на нови методи и процедури во трансплантацијата, вели проф.д-р Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација.

Можете да прочитате

„Ќе ти средам за туѓа нега“ – измамен тетовец за 250 евра

Топол викенд имаме во Македонија, температурите надминаа 20 степени

Три лица организирано краделе кабли од „Железара“ и направиле штета од над 440 илјади евра