Утрински Весник
Свет

На хрватска граница запрена пратка со краставици од Србија – еве што содржела

20230918101330.jpg

На хрватската граница запрена е пратка со зеленчук од Србија поради поголемо количество на пестицидот хлорпирифос од дозволеното,и е испратена на уништување, објави RASFF, европскиот систем за брзо предупредување и информации за храна.

Примерок од пратката со краставици од Србија е земен на 30 септември на хрватската граница и, како што е наведено на веб-страницата на РАСФФ, во него се откриени остатоци од пестициди поголеми од дозволената количина – 0,060 милиграми хлорпирифос на килограм (ppm), а дозволената количина е 0,01 милиграм на килограм (ppm).

Како што е наведено, на производот му е дозволено да патува до својата дестинација под царински пломби, а преземената мерка е уништување.

Пестицидот хлорпирифос (Хлорпирифос) е, инаку, забранет за употреба, а ова не е првпат да биде откриен во пратките со храна, пренесуваат медиумите во регионот.

Потсетуваат дека во август минатата година на хрватската граница во пратка со праски пристигната од Србија беше пронајдено високо ниво на пестицидот хлорпирифос, па стоката му беше вратена на испраќачот. Исто така, Германија во мај годинава од пазарот повлече и сув вргањ по потекло од Србија.

Како што тогаш објави RASFF, во овие печурки биле пронајдени остатоци од пестицидот хлорпирифос. Остатоци од пестицидот хлорпирифос во суви печурки од Србија се пронајдени во количина од 0,18 ± 0,09 милиграми на килограм.

Можете да прочитате

ВИДЕО: Орбан физички нападнат – 24info.mk

Во Пакистан во експлозија загинаа двајца кинески инженери кои работеа на електрана

Израелски напад во близина на Рафа – најмалку осум луѓе загинаа