Утрински Весник
Магазин

На хартија, некако е смешно: Шер за врската со 40 години помладо момче

На хартија, некако е смешно: Шер за врската со 40 години помладо момче
300x250 (7)

Шер вели дека нејзината врска со Александар Едвардс, кој е 40 години помлад од неа, изгледа смешна на хартија, но дека во реалноста е сосема поинаку.

dobivaj vesti na viber

Поп-дивата (76) гостуваше во шоуто на Кели Кларксон минатиот викенд, каде нагласи дека и покрај големата разлика во возраста, тие одлично се согласуваат.

Ss1

„Можеби на хартија изгледа малку чудно. Но во реалниот живот не се забележува“, рече Шер. Таа го пофали 36-годишниот Александар, за кој рече дека е многу интелигентен.

Откако призна дека обично не им дава пофалби на мажите освен ако навистина заслужуваат, таа за Александар (36) рече дека е прекрасен, љубезен, паметен, талентиран и духовит.

„И мислам дека е прилично убав“, додаде таа. „Ние сме вљубени еден во друг.“

Пејачката, исто така, ги искористи социјалните мрежи за да ја одбрани разликата од 40 години, велејќи дека се бакнуваат како тинејџери.

Изјавата доаѓа откако на крајот на ноември таа твитна фотографија од Александар, што поттикна еден од нејзините фанови да праша на кои од неговите квалитети најмногу му се восхитува.

Шер возврати: „Тој е паметен, духовит… и ние се бакнуваме како тинејџери.“

Добитничката на „Греми“ во друг твит додаде: „Го сакам затоа што не се плаши. Тој е духовит, паметен, талентиран, убав. Разговараме и се смееме. Совршено си одговараме.“

Шер претходно возврати на критиките за нивната разлика во возраста со твит: „Љубовта не знае математика, таа гледа“.

 

Ss1

Можете да прочитате

Зеленото смути е идеално за пролетна детоксикација

Научниците открија како да престанете да чувствувате лутина во стресни ситуации

Климатолог на НАСА предупредува дека последиците од температурната аномалија ќе ги почувствуваме веќе во август