Утрински Весник
Македонија

На ГП Табановце викендов влез и излез оствариле скоро 37.000 македонски државјани

Gp Tabanovce.jpg

На граничниот премин Табановце изминатиот викенд влегле и излегле скоро 37 илјади македонски државјани, а во истиот период влез и излез оствариле над 32 илјади странски државјани, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

Оттаму информираат дека во периодот од 11 април до денеска влегле 23.139, а излегле 13.845 македонски државјани. Во истиот период влегле 19.679, a излегле 12.891 странски државјанин.


Пред празничниот викенд почнаа да се враќаат македонските државјани кои работат во земјите од Западна Европа. Најголем дел од нив се враќаат токму пред Велигден за да ги поминат празниците со најблиските.

Можете да прочитате

(фото) Вечерва тешка сообраќајна несреќа во Бутел – автомобил превртен на кров, има повредени

Јована Мојсоска објави дивоградба во срцето на струшката чаршија

Изгореа неколку штали – Пожарот во Валандово сега е ставен под контрола