Утрински Весник
Магазин

Најемотивните моменти во мемоарите на принцот Хари: Го молевме тато да не се ожени со неа

Принцот Хари: Би сакал да ми се вратат брат ми и татко ми
300x250 (7)

Мемоарите на британскиот принц Хари „The Reserve“ уште пред да бидат пуштени на продажба предизвикаа бура.

dobivaj vesti na viber

Книгата на Хари го привлече светското внимание, а во неа принцот ги открива неговите лични борби и критички погледи на другите членови на британското кралско семејство, како и детали од неговиот живот со сопругата Меган Маркл во Америка откако тие се повлекоа од кралските должности во 2020 година.

300x250 (7)

Хари во своите мемоари открива и дека пробал кокаин на 17 години и дека сакал да „почувствува нешто“ со дрогата. Тој исто така изјавил дека летото 2013 година имал „страшни напади на паника“ и дека страдал од летаргија. Ја гледал серијата „Пријатели“ и заклучил дека е Чендлер, еден од ликовите од серијата. А потоа, во 2016 година, тој останал во куќата на Кортни Кокс, која ја толкува улогата на Моника во „Пријатели“.

За време на забавата кај Кортни земал печурки и текила, а ноќта ја завршил гледајќи во Месечината, која му кажала дека „годината што претстои ќе биде добра“. Таа година ќе се сретне со Меган, преенесува „Дејли Бист“.

„ Му ветивме на тато дека ќе ја пречекаме Камила. Единствено што баравме за возврат е да не се ожени со неа. Го молевме да не се ожени повторно“, напиша Хари, кој на Камила гледаше како на „злобна маќеа“.

Според мемоарите, Чарлс, а понекогаш и Камила го одобрувале протекувањето на штетни информации за Хари и Вилијам. Еднаш, по совет на спин доктор, Чарлс соработувал со таблоидите на приказна за Хари и дрогата за да си го поправи сопствениот оштетен имиџ, пишува Хари.

„Нема повеќе неверен сопруг, тато сега ќе биде претставен на светот како загрижен самохран татко кој се справува со дете зависно од дрога“, рече тој.

Ss1

Можете да прочитате

Ловоровото масло е природен лек против мигрена

Нетфликс се откажува од една од своите најпопуларни серии

Кинеска пејачка почина откако се сопна и ја удри главата на бината