Утрински Весник
Магазин

Најдолгиот автопатен тунел во Кина завршен

Image 2026 02 13 200657116.png

Најдолгиот тунел на автопатиштата во Азија е завршен. Делницата со совршено осветлени бетонски ѕидови се наоѓа во Кина и долга е 22,13 километри, објави „ЦГТН“.

Новиот градежен потфат не само што урна рекорд, туку буквално го менува значењето на зборот „далеку“ во која било планинска област. Зад овој масивен коридор, наречен Тјаншан Шенгли, лежи едноставната кинеска „национална опсесија“ – да се поврзе секој агол од земјата, без разлика колку е „див“ теренот. Пробиен низ суровиот терен на покраината Гуиџоу, масивниот премин е дел од брза патничка врска осмислена да ги скрати патувањата што некогаш се одвивале по бавни, опасни планински патишта.

Така, еден од стручњаците на овој сложен потфат, ја спореди изградбата со „изведување операција на отворено срце на планина што постојано се движи“, укажувајќи на опасностите при пробивање пат под масивните кинески планини.

Инаку, норвешкиот тунел Лердал сѐ уште е најдолг патнички тунел во светот со 24,5 километри.

Планини, реки, длабоки долини – се чини, ништо веќе не е трајна пречка. Кинеските планери градат автопати како „пајажини“, а секој нов тунел обезбедува уште една совршено права линија што го сече она што некогаш принудувало бесконечни заобиколувања. Тоа, според познавачите, укажува и како инфраструктурата стана една од најмоќните алатки на Кина за раст и влијание.  

Можете да прочитате

Joван Јованов со прва соло песна по 17 години како најава за големиот концерт во Скопје

Кои се придобивките од истегнувањето

73 отсто од Британците би останале дома на Денот на вљубените