Утрински Весник
Спорт

Најдобриот во светот загуби, па направи хаос

0166c190 9ced 4a02 Bccd 20711a01af6f.jpg

Најдобриот мечувалец во светот, Грузиецот Сандро Базадзе, беше елиминиран во осминафиналето на Олимписките игри. Подобар од Базадзе беше Мохамед Амер со 15:14. Финишот на мечот привлече големо внимание бидејќи и двајцата ја славеа победата.

Со оглед на тоа што Грузиецот веруваше дека го направил потегот за победа, беше шокиран од поразот, кој го прогласи судијката Ванеса Чичон откако го погледна видеото.

Откако ја дозна одлуката, Базадзе не можеше да се воздржи и почна да и вика: „По втор пат, како во Токио, судиите ме убиваат. Во Токио ми го уништија животот, за малку ќе ми ја завршат кариерата. Но, се вратив и станав најдобар во светот и се подготвував за Олимписките игри, но таа ме уби“, беа првите зборови на Грузиецот за медиумите по поразот, каде се потсети на елиминацијата од полуфиналето на Олимписките игри во 2021 година од Арон Силаџи. Доаде дека ваквите одлуки ставиле крај на неговата кариера.

„Мојата кариера е завршена, завршена е. Како да се вратам кога судиите продолжуваат да ме убиваат? Таа отиде и го гледаше видеото. Тренирам за ова 21 година и таа ме третира како да сум никој. Кога јас ја замолив да објасни, таа се сврте и замина. Олимписки игри… праведност, каде е правичноста?“, рече Грузиецот.

Можете да прочитате

Надал за мечот со Ѓоковиќ на Олимпијадата: Веројатно тој е јасен фаворит

Маршан победи со олимписки рекорд, Мартиненги ја прекина доминацијата на Пити

Јапонија и Австралија најуспешни по вториот ден на Олимписките игри