Утрински Весник
Спорт

Најдобрата резерва во НБА доби 130 милиони долари

Најдобрата резерва во НБА доби 130 милиони долари
300x250 (7)

Мајами Хит го „врза“ најдобриот шести играч во лигата за минатата сезона, Тајлер Хиро со нов четиригодишен договор.

dobivaj vesti na viber

Хиро, по сезоната во која имаше просек од 20,7 поени по натпревар, доби договор вреден 130.000.000 долари.

300x250 (7)

Мајами Хит го зедоа Хиро, како 13. пик на драфтот во 2019 година, минатата сезона го формираше столбот на Хит заедно со Џими Батлер и Бем Адебајо, кои исто така добија договори вредни над 100.000.000 долари од Мајами.
Хиро минатата сезона како резерва постигна најмалку 30 поени на осум натпревари, што е најмногу од сезоната 2018/2019, кога такво остварување имаше Лу Вилијамс.

Заедно со Џордан Кларксон од Јута, тој е единствениот играч кој како резерва постигнал најмалку 1.000 поени.

Хиро е шестиот играч од класата 2019 кој добил продолжување на договорот, вклучувајќи ги и првите тројца избрани Зион Вилијамсон, Џа Морант и Ар-Џеј Берет.

Ss1

Можете да прочитате

ЛШ во ракомет: Барселона на чекор до полуфинале

Олимпискиот оган попладневно во Атина ќе им биде предаден на организаторите на ЛОИ „Париз 2024“

Струмица е старо-нов првак во одбојка