Утрински Весник
Македонија

Најдебелиот човек во Македонија има 288 килограми

Taravari 427209.jpg

Граѓаните немаат доволна физичка активност и јадат повеќе од потребното, а лекарите мака мачат со последиците од обезноста. Дебелината се поприсутна, а последиците од прекумерната тежина се дијабет, зголемен крвен пристисок, смртност, инвалидитет и намален животен век.

„Обезноста не е индивидуална болест, туку треба да се сфати како сериозна, мултисистемска болест сите да се справиме со оваа хронична болест, потенцирам болест затоа што прво е превентибилна и секогаш кажуваме „подобро е да спречиме отколку да лечиме“, вели Ирфан Ахмети, претседател на Здружение за обезност.


Но, освен возрасните, оваа појава е сè почеста и кај децата. Има повеќе причини, а генетскиот фактор е многу важен. Лекарите со препорака – децата да не се хранат на сила и повеќе да спортуваат.

„Вие ако имате во семејството родители кои што се гојазни, ние ќе имаме големи шанси и таквото детеце да биде гојазно. Значи тоа е еден од факторите, генетиката. Меѓутоа многу повеќе фактори ќе спомнам дека се битни и тоа е внесот на храна кај дечињата. Нема да ги храниме децата на сила. Тие си имаат во мозокот свои центри за ситост и за глад“, вели доктор Мира Атанасова.

Фондот за здравство најави дека годинава ќе покрие операции за 40 пациенти со прекумерна тежина кои што имаат потреба од операција.

„Идејата е дека кога постојат силни медицински индикации, не естетски, тука силни медицински индикации, кога тежината не може на ниеден друг начин да се контролира, да се пристапи кон овој начин на интервенција“, вели Сашо Клековски, директор на Фондот за пензиско и здравствено осигурување.

„Имаме 30 пациенти кои што би биле за хируршко лекување и 10 за капсула екпландирачка. Во текот на крајот на овој или следниот месец би почнале првите интервенции коишто би биле на товар на фондот за здравствено осигурување“, вели д-р Огнен Костовски, директор на дигестивна хирургија.

Во Македонија сè уште нема податоци, а во светот умираат околу пет милиони луѓе од компликации на обезност во земјава најдебелиот пациент има 288 килограми.

Можете да прочитате

НА БАЛКАНОТ МУ ПРЕТСТОИ ВРЕМЕНСКА АНОМАЛИЈА: Температурите ќе скокнат до дури 25 степени!

Неопходно е доуредување во областа на платеното политичко рекламирање во онлајн медиумите

Мемеди: Во стабилна состојба детето затруено со таблети, продолжува неговата опсервација