Утрински Весник
Македонија

Најчевска: Внесувањето на Бугарите во Уставот е гаранција дека ќе почне процес на агресивна асимилаторска политика на Бугарија кон Македонија

Најчевска: Внесувањето на Бугарите во Уставот  е гаранција дека ќе почне процес на агресивна асимилаторска политика на Бугарија кон Македонија

Професорката Мирјана Најчевска со свој став на социјалните мрежи околу внесувањето на Бугарите во македонскиот устав.

dobivaj vesti na viber

„Според мене, внесувањето на Бугарите во Уставот на Македонија е гаранција дека ќе започнат преговорите со ЕУ, но и гаранција дека ќе започне процес на агресивна асимилаторска политика на Бугарија кон Македонија“, пишува Најчевска во нејзината објава.

Тоа, како што вели, е гаранција дека Македонија ќе биде ставена во подредена положба во сите натамошни преговори со Бугарија.

„Не е гаранција дека Македонија ќе влезе во ЕУ. Мора да седнеме и да побараме опција која ќе не задржи на европскиот пат, но нема да не стави во подредена положба во однос на Бугарија. За вакво нешто треба да се формираат работни групи а не за меѓусебно убедување и надмудрување“ пишува професорката.

Можете да прочитате

Мицкоски: Фокусот на идните политичари мора да биде на вештачката интелигенција и енергијата

Мицкоски: Очекувам намалување на бензините за 2 денари и иста цена или минимално покачување на дизелот

Мицкоски: Бројките од анкетите не мотивираат дополнително да работиме