Утрински Весник
Македонија

Најчевска: Секој судија што учествува во застарувањето на случаи со високи функционери е криминалец како Мијалков

Најчевска: Секој судија што учествува во застарувањето на случаи со високи функционери е криминалец како Мијалков

Секој од судиите кои учествуваа во застарувањето на овој и сите други случаи на високи функционери е криминалец на исто рамниште со Мијалков, пишува на социјалните мрежи професорката, Мирјана Најческа.

dobivaj vesti na viber

Во коментарот наведува: „Додека не се ослободиме од овие судии нема да можеме да мрднеме од дното. И секој висок функционер кој ќе спомне дека работи на владеење на правото и воспоставување на правната држава е криминалец кој шурува со Мијалков. Од прв до последен“.

Со реакција се јави и министерот за правда Кренар Лога кој изјави дека жали што се дозволило да застари предметот.

Кога стапил на функцијата предупредил и побарал поефикасни мерки за спречување на застарување на судските предмети преку одложувања на судските процеси, рече Лога.

Во судот денес поради неуредна покана за обвинетите и адвокатите, се одложи јавната седница за предметот „Титаник 2“. Следното рочиште беше закажано за 13 април, а делото на Мијалков застарува една недела претходно.

Случајот „Титаник 2“ за изборните нерегуларности двапати влезе во судница во Кривичниот суд и вторпат во Апелација. Мијалков се гонеше за примање награда за противзаконито влијание.

Можете да прочитате

Претседателката Сиљановска Давкова доби пес Караман кој треба да биде признаен за автохтона македонска раса

ЛДП со Пенов и Пановски во Скопје – партнерство со ГРОМ на Јакимовски

Мицкоски: Културата е темелот врз кој се гради една нацијa