Утрински Весник
Македонија

Најчевска бара разрешување на Бектеши: Што си замислуваат функционерите, дека новинарите служат да ги рекламираат?

Најчевска бара разрешување на Бектеши: Што си замислуваат функционерите, дека новинарите служат да ги рекламираат?
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Професорката по право, Мирјана Најчевска, смета дека министерот за економија Крешник Бектеши треба да биде веднаш разрешен. Според неа, неговиот однос кон новинарите е кршење на Конвенцијата за правата на човекот. Најчевска, јавно постави пет прашања поврзани со тоа, како функционерите гледаат на новинарите.

dobivaj vesti na viber

„Ова не е просто вербален напад на новинар/и, ова е флагрантно кршење на Конвенцијата за правата на човекот (право на информирање). Овој министер треба веднаш да биде разрешен од функцијата. Како што гледате, еднаш неказнето прекршување направено од високи функционери во власта и челници на партии води кон нови и нови прекршувања. И многу ме интересира што си замислуваат високите функционери во нивните глави? Зошто служат новинарите? Да ги слушаат и да паѓаат во несвест од нивната мудрост? Да ги пренесуваат нивните бесценети пораки до граѓаните? Да им прават реклама? Навистина ме интересира. Јас ете не можам да влезам во токот на мислите кој би довел до една ваква изјава“, пишува Најчевска.

Реакцијата на професорката доаѓа откако министерот за економија, Крешник Бектеши, одново се скара со новинарите во прес-центарот на Владата. Овојпат, тоа го направи пред министерот за млади и спорт на Република Турција Мехмет Муарем Касапоглу. Бектеши дрско им се обрати на новинарите, оти му пречеше што беше опоменат за коментар кој тој го даде претходно.

Можете да прочитате

Куќен притвор и 24-часовен надзор за Љупчо Пецов-Ѓаволот

МЖСПП стави во функција нов веб портал за квалитет на воздухот

Димитријевиќ: Граѓаните го видоа предавството на Македонија во Собранието, мигранти за пари