Утрински Весник
Свет

На брод за крстарење заробени се 800 луѓе, откриени се штетни микроорганизми

На брод за крстарење заробени се 800 луѓе, откриени се штетни микроорганизми

Стотици патници останаа заробени на крстаречкиот брод „Викинг Орион“ во близина на австралискиот брег, откако на неговиот труп беа пронајдени потенцијално штетни микроорганизми, поради што му беше забрането да се приклучува, јавува Би-Би-Си.

dobivaj vesti na viber

На бродот за крстарење, наводно, му била одбиена дозвола да се закотви во Аделаида, откако властите откриле „биофаул“ – акумулација на микроорганизми, растенија, алги или мали животни.

Австралиските власти рекоа дека трупот на бродот мора да се исчисти пред да влезе во земјата.

Бродот наводно не добил дозвола да се закотви во Крајстчерч, Данедин и Хобарт во Нов Зеланд, пишува Нова.рс.

Еден патник на Твитер објави дека на бродот имало повеќе од 800 луѓе и дека многу од нив се вознемирени и лути поради негрижата на компанијата.

Бродот од 14 ката со 930 лица, изграден во 2018 година, се вели дека се закотвил на околу 27 километри од брегот, додека трае чистењето.

Можете да прочитате

Путин забрани посвојување руски деца од граѓани на земји каде промената на полот е законски дозволена

Се урна авион во Костарика: петмина мртви, една жена се бори за живот

Мексиканците ќе бидат првите кои сами ќе избираат судии – повеќе од 34.000 кандидати за 881 судија