Утрински Весник
Македонија

На Богородица, Дојран и Табановце за излез од државата се чека од 40 мин до 1 час

Picture 374 660x475 1.jpg

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, со зголемен интензитетот на патните правци надвор од градските средини.

На граничните премини Богородица, Дојран и Табановце време на чекање за излез од државата е од 40 мин до 1 час, а на останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Можете да прочитате

ДУИ бара кривична одговорност од Филков

Измамена тетовка, дала капар за имот во странство па останала и без пари и без имот

Новиот Закон за високо образование помеѓу модернизација и ризик од формализам