Утрински Весник
Свет

Најбогатите луѓе во Европа живеат во Швајцарија и Данска

Evra.webp.webp
Dik 300x250 mk

Според најновиот Извештај за глобалното богатство за 2024 година, граѓаните на Швајцарија и Данска се меѓу најбогатите во Европа.

Според најновиот Извештај за глобалното богатство на осигурителната компанија „Алијанц“ за 2024 година, жителите на Соединетите Американски Држави се уште се најбогати во светот бидејќи имаат просечен личен имот од околу 311.000 евра. На второ место е европската земја, Швајцарија, каде што просечните финансиски средства по жител достигнуваат речиси 268.860 евра, додека граѓаните на Сингапур се трети на листата со околу 197.460 евра.


Во САД, минатогодишниот раст на богатството дојде претежно од зголемената вредност на акциите, две третини од вкупниот раст дојде од берзата. Во Швајцарија, ситуацијата е поинаква: таму дури 84 проценти од растот доаѓа од дополнителни заштеди.

Посебноста на швајцарскиот модел се одразува во силната поврзаност со осигурувањето, дури 41 процент од заштедите граѓаните ги насочуваат кон осигурителни производи, додека банкарските депозити се скромни 15 проценти. Најголемиот дел од инвестициите во хартии од вредност се однесуваат на инвестициски фондови, првенствено ETF.

Во текот на изминатата година, бруто финансиските средства на домаќинствата во Швајцарија се зголемија за 4,2 проценти, што е значително повисоко отколку во 2023 година, кога растот изнесуваше 2,6 проценти. Најголем импулс даде секторот за хартии од вредност, додека осигурувањето, пензиските фондови и депозитите забележаа поумерен раст. Кога обврските ќе се одземат од вкупните средства, нето финансиските средства се зголемија за 5,3 проценти.

На глобално ниво, населението како целина стана побогато, вкупните финансиски средства во светот се зголемија за 8,7 проценти, достигнувајќи 269 трилиони евра, што го надмина растот од 8 проценти од претходната година, според порталот „Свис Инфо“.

Можете да прочитате

Севернокорејската министерка за надворешни работи, Чое во посета на Русија

Еден Србин и двајца Хрвати загинаа бегајќи од германската полиција

САД очекуваат Унгарија да престане да користи руска нафта и гас