Утрински Весник
Свет

На авион на Јунајтед ерлајнс му паднало тркало за време на полетувањето

20240709075518 Big 730x400 74.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Јунајтед ерлајнс соопшти дека уште еден нејзин авион го изгубил главното тркало на опремата за слетување за време на полетувањето, практично повторувајќи го инцидентот од март, по што Федералната управа за безбедност на транспортот нареди безбедносна проверка на компанијата.

-Никој не беше повреден на летот 1001 на Јунајтед, а Боингот 757-200 полета од Лос Анџелес вчера околу 7:15 часот по локално време и слета на аеродромот во Денвер во 10:10 часот, изјави портпаролот на компанијата, а пренесе Блумберг.

Тркалото е пронајдено во Лос Анџелес, соопшти Јунајтед ерлајнс, без дополнителни детали.

Инцидентот е многу сличен на оној во март, кога Боинг 777-200 изгуби тркало набргу по полетувањето од Сан Франциско на лет за Осака, принудувајќи да слета на аеродромот во Лос Анџелес. Во инцидентот тогаш никој не беше повреден, но на видео снимката се гледа моментот кога тркалото паднало и ги оштетило возилата на паркингот. 

Можете да прочитате

Лавров: САД ни ветија украинска територија

Будимпешта го блокира годишниот документ за проширување на ЕУ поради Украина

Силни безбедносни гаранции од Европа и САД се услов за мировен договор, порача Зеленски