Утрински Весник
Македонија

НАЈАВА ЗА ПОСТУДЕН ВОЗДУШЕН БРАН ОД СЕВЕР И ЗАСИЛЕН СЕВЕРЕН ВЕТЕР: Во среда наутро појава на мраз на повеќе места!

C461a3fc 6e22 4256 A48b 05216b1020eb.jpg

Продолжува периодот на променливо време во Македонија и со сончеви периоди. Денес попладне ќе има појава на локален дожд и услови за појава на ретки грмежи, а особено Долж Повардарието ќе засилува ветерот од северен правец.

Температурата ќе се искачува во интервалот од 8 до 16 степени. Потоа нови локални врнежи од дожд ќе има во вторник, особено претпладне. Поради спуштање на постуден воздух од север, во вторник во текот на денот ќе започне да дува засилен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина од над 60 км/час) и истиот ќе продолжи да дува и во текот на ноќта кон среда.

Токму поради ова на планините со надморска височина од над 1400 – 1500 метри ќе има слаби врнежи од снег. Поради разведрувањето, во среда утрото ќе биде значително постудено и на повеќе места температурите ќе се спуштат под нулата, со што ќе има појава на слаб до умерен, а на планинските места и умерен мраз.

Во среда наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот помеѓу -4 и 4 степени, а на планинските места тие ќе се спуштат и под -5 степени. Токму поради ова, на земјоделците и на овоштарите ги советуваме со време да ги заштитат своите земјоделски култури и овошките од очекуваната појава на утрински мраз во среда.

Можете да прочитате

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го одби амандманот за награда на пожарникарите, нема пари за никој освен за функционерите

Левица ќе поднесе интерпелација за Антонио Милошоски

Кривична пријава за полицаец кој во двор пукал со службен пиштол