Утрински Весник
Македонија

Најава за дестабилизација на атмосферата: Локални врнежи, грмежи и невреме!

Meteoalarm.mk 41.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Поради продор на поладен воздух од север на висина, од утре (вторник 17 јуни) во нашата Република Македонија ќе дојде до постепена дестабилизација на атмосферата. Во ваква ситуација, ќе имаме повеќе облачност, особено во попладневните и во раните вечерни часови.


Локално ќе има развој на конвективни грмотевични облачни јадра од кои очекувам појава на поројни врнежи од дожд, грмежи и силен ветер во зоната на нестабилност. Поради загреаната атмосфера, исполнета со енергија локално процесите ќе бидат застапени во форма на невреме со појава на град, електрични празнења  и силен ветер.

И во делови од Скопскиот регион ќе има појава на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Што се однесува до температурите, тие нема многу да се менуваат, односно тие ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени, што значи ќе бидат релативно пријатни и нема да бидат премногу високи. Во Скопје  и околината температурата ќе се искачи до околу 34/35 степени.

На следниот линк можете да ја следите алатката за рано предупредување од невреме НОТАС, и истата е од голема корист на секој граѓанин https://nothas.finki.ukim.mk/

Можете да прочитате

Мицкоски: Со владиниот авион ќе се евакуираат македонски граѓани од Израел

Директорот на Царина: Изготвивме нов Царински закон

Поместен прагот за црвен аларм во Скопје: Пад од 41 на 37 степени два дена по ред