Утрински Весник
Магазин

“На Албанците им се наметнати границите, раздвојувајќи ги луѓето од иста нација и крв” – По бурните реакции повторно се огласи Бебе Раџа

Beba Redza Debar Foto Printskrin Instagram.jpg

Британската пејачка со етничко албанско потекло од Македонија вчера на социјалните медиумо сподели објава од нејзината емотивна посета на Дебар, Македонија, кој е роден град нејзиниот татко, додека мајка и е од Гостивар.

Сепак покрај оваа емотивна посета таа крена лавина коментари од Македонци, Срби и Црногорци кои се навредија откако таа сите овие држави ги припои кон Албанија, истакнувајќи дека за неа сето тоа е Албанија.

„Албанија, Косово, Македонија, Црна Гора и Прешево, според мене, сите се мојата АЛБАНИЈА“, напиша Раџa.

Сега, таа реши повторно да се обрати до јавноста. Па, преку инстаграм-приказна упати порака во која нагласи дека на Албанците им се наметнати границите, раздвојувајќи ги луѓето од иста нација и крв, а дека на неа не ѝ се важни националните граници.

„Албанците се соочија со наметнати граници, одвојувајќи ги луѓето од иста нација и крв во различни земји. Меѓутоа, кога мислам на Албанците, националните граници не ми се толку важни. Мислам на нашиот прекрасен јазик, нашите традиции, нашата музика и танц и многу повеќе од тоа, заеднички елементи, кои не се ограничени со граници, јас сум длабоко вљубена во моите корени, горда што сум Албанка.

Горда на секој Албанец кој сè уште живее на овие простори, како и на оние кои живеат во странство во Америка, Европа и остатокот од светот. Ве сакам сите“, напиша таа.

Можете да прочитате

И Дуа Липа во Косово – Со пријателите од Велика Британија “летаа” двоглав орел на фестивалот кој сама го организираше

Очекувајте светско шоу: Лени Кравиц со спектакуларен концерт викендов во Охрид

Кинески хороскоп за август 2024 година: Проверете ги вашите астролошки предвидувања