Утрински Весник
Свет

На административните премини со Косово патничките возила минуваат нормално и без поголеми задржувања, јавуваат српските медиуми

На административните премини со Косово патничките возила минуваат нормално и без поголеми задржувања, јавуваат српските медиуми

На административниот премин Мердаре возилата поминуваат нормално и без поголеми задржувања, како и на административниот премин Јариње со мали промени за патничките возила. Само на камиони со српска стока и регистарски таблички им е забранет влезот во Косово, јавуваат новинарите од N1.

dobivaj vesti na viber

„Прво, да почнеме со информацијата што се појави синоќа дека на сите возила со српски регистарски таблички ќе им се забрани влез во Косово – тоа барем засега се покажа како дезинформација. Во ниту еден момент не беа запрени или забранети автомобили, автобуси или комбиња да влезат во Косово“, известува репортерот на N1 Ненад Божовиќ од административниот премин Јариње.

Репортерот наведува дека контролите се нешто построги и дека единствена новина е што косовската полиција претресува автомобили и ги проверува сите патници. Колоната камиони чие минување е забрането е долга околу 500 метри.

„Запрените камиони се со српски регистарски таблички и им е забранет премин. Возачите се лути, велат дека кризата трае десет години и дека секогаш е неизвесно кога одат на Косово“, вели репортерот на N1.

Можете да прочитате

Трамп: Никој во историјата не ја заслужува Нобеловата награда за мир повеќе од мене

Багеи: Американските предлози се нереални, нелегални и претерани

Трамп се закани: Ако Хормуз веднаш не се отвори Иран ќе биде целосно уништен