Утрински Весник
Македонија

На 48-годишна возраст почина музичарот Мики Божинов

588621968 1871339110432889 6867548849321794234 n.jpg

Тажна вест осамна на фејсбук профилот на Радио Валандово.

На 48-годишна возраст почина музичарот Мики Божинов.

Нивната објава ја пренесуваме во целост:

„Денес Валандово изгуби уште еден голем уметник, човек чија музика и душа ќе останат засекогаш меѓу нас. Замина Мики Божинов, роден на 30 октомври 1977 година – човек кој живееше во ритамот на песната и кој зад себе остави трага што нема да избледи.

Мики целиот свој живот беше со музиката. Задолжен за тапаните, тој беше ритамот, пулсот и темелот на многу убави песни, забави. Заедно со својот брат Христијан Кико – Болеро, беше дел од познатата македонска група Болеро, која остави неизбришлив печат на македонската музичка сцена.

Животот му подари љубов, но му донесе и тешки моменти. Пред неколку години неговата сопруга почина, болка што тивко ја носеше, но и болка што не го сопре да биде силен за своите два сина – неговата најголема гордост и најголема причина да продолжи напред.

Со заминувањето на Мики, нашата мала заедница изгуби благ, скромен и искрен човек, уметник со големо срце и пријател кој секогаш знаеше да остави убав збор и убава нота зад себе.

Длабоко, искрено сочувствуваме со неговото семејство, блиските и сите што го сакаа.

Почивај во мир, Мики. Твојата добрина ќе живеат во нас“.

Можете да прочитате

Николоски: Инвестираме 5 милијарди евра во изградба на патишта и железници, ние сме првата Влада која се посвети на инфраструктурата

Лидерство, пријателство, влијание. Алумни асоцијацијата на Иванов Школата за лидери одбележа 15 години постоење

Обезбедени 100 нови амбулантни возила за јавните здравствени установи низ државата