Утрински Весник
Македонија

На 47 локации се интервенирало само во Гази Баба, краткото невреме искршило дрвја и турнало бандери

По невремето, 40 пријави за штети: Паднати дрвја, бандери, покриви…

Во текот на вчерашното попладне, па сѐ до 3 часот по полноќ, кризниот штаб на Општина Гази Баба, заедно со екипите на ЈКП Гази Баба, дејствуваше на терен на 47 локации во општина Гази Баба.

dobivaj vesti na viber

„По само неколку часа активна работа на екипите на ЈКП Гази Баба, состојбата на терен беше стабилна. Сите улици на целата територија на општината беа проодни. Подигнати се голем број паднати дрвја, гранки, бандери и слично, а активностите на екипите продолжуваат и од рано утрово насекаде во општина Гази Баба. Им благодарам на вработените во ЈКП Гази Баба, како и на членовите на кризниот штаб во рамките на Општината, за посветеноста во расчистувањето на последиците од невремето во текот на вчерашната ноќ. Општината е тука за да им служи на граѓаните!“, вели Бобан Стефковски, градоначалник на Гази Баба.

Вчера, во делови од Скопје имаше кратко невреме, кое направи низа штети.

Можете да прочитате

Од понеделник времен режим на сообраќај на патот Градско – Дреново поради изградба на клучката Дреново

Честитка на министерот Минчев по повод Денот на Републиката

Мицкоски: Илинден нè обединува околу идејата за држава што ги надминува поделбите