Утрински Весник
Свет

На 25 септември Ердоган оди на гости кај Трамп

Scanpix ehf2ctunpd4.webp.webp

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе го угости турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Белата куќа на 25 септември и очекува да потпише трговски и воени договори.

-Работиме на многу трговски и воени договори со претседателот, вклучувајќи го купувањето на големи авиони „Боинг“, голем договор за авиони „Ф-16“ (ловци) и продолжување на разговорите за „Ф-35“, кои очекуваме да завршат позитивно, рече Трамп во објава на неговата мрежа „Truth Social“ вчера.


Ердоган последен пат ја посети Белата куќа во 2019 година, за време на првиот мандат на Трамп.

„Претседателот Ердоган и јас отсекогаш имавме многу добри односи. Со нетрпение очекувам да го видам на 25 септември“, додаде Трамп.

Турција ја налути администрацијата на Трамп во 2019 година со купувањето на рускиот систем за ракетна одбрана „С-400“, а како одговор, Вашингтон ја откажа планираната продажба на авиони „Ф-35“ на Турција и го отстрани од заедничката програма за производство на авиони. Потоа Турција се согласи на договор за купување авиони „Ф-16“.

Можете да прочитате

Зеленски: Тројца убиени и десетици ранети во рускиот напад со дронови и ракети врз Украина

САД нападнаа брод кој превезува дрога, објави Трамп

Руски авиони упаднале во Естонија