Утрински Весник
Спорт

МЗТ без првиот тренер гостува во Сплит – Николиќ позитивен на коронавирусот

МЗТ без првиот тренер гостува во Сплит – Николиќ позитивен на коронавирусот

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром утринава тргнаа на пат кон Сплит, каде што утре од 18 часот ќе му гостуваат на истоимениот клуб во обидот да останат во игра за опстанок во АБА-лигата.

dobivaj vesti na viber

На пат кон Сплит, кошаркарите на тргнаа без тренерот Драган Николиќ. Популарниот Гаги пред неколку дена бил позитивен на коронавирусот.

„Тој веднаш ги доби сите лекарства и витамини потребни да се справи со овој вирус, но повтореното тестирање пред заминувањето за Хрватска покажа дека сѐ уште е позитивен, поради што беше донесена одлука да не тргнува на пат со цел да не се ризикува пренесување на коронавирусот и на другите кошаркари и членови на стручниот штаб. Со екипата од иста причина во Сплит не замина ниту Андреј Андоноски, кој исто така беше тестиран позитивен на коронавирусот“, обајви клубот.

Во отсуство на Николиќ, МЗТ во Сплит ќе го предводи неговиот прв помошник Васко Атанасов. Интересно Атанасов нема пораз на четирите натпревари на кои го предводел МЗТ.

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари