Утрински Весник
Македонија

МЗШВ: Викендов ќе се одржи саемот „Вкуси ја традицијата – прв национален саем за храна и пијалаци“

МЗШВ: Викендов ќе се одржи саемот „Вкуси ја традицијата – прв национален саем за храна и пијалаци“

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со задоволство го најавува големиот настан „Вкуси ја традицијата – прв национален саем за храна и пијалаци“, кој ќе се одржи на 12.11.2022 година (сабота), со почеток во 11 часот, на просторот пред езерцето, во Градскиот парк Скопје.

dobivaj vesti na viber

Настанот е во организација на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и „Слоу фуд Македонија“, а ќе се одржи со мотото Taste life, taste tradition, односно „Вкуси го животот, вкуси ја традицијата“.

Ова е прв саем со ваков обем, на кој ќе се претстават повеќе од 200 производители од над 40 локални здруженија, кои заеднички ќе ги презентираат македонското земјоделство и гастрономија.

На просторот во Градскиот парк ќе бидат поставени над 200 штанда со производи, ќе се подготвува вкусна традиционална храна од познати готвачи, а предвидено е и детско катче, со цел на децата одблиску да им се претстават домашните земјоделски произвоиди, храна и пијалаци.

За целосна позитивна атмосфера, посетителите ќе може, освен во вкусовите на домашната храна и пијалаците, да уживаат и во звуците на музичката група „Љубојна“ и Диџеј Мац.

Саемот „Вкуси ја традицијата – прв национален саем за храна и пијалаци“ ќе биде отворен во периодот од 11 до 16 часот. За сите посетители влезот ќе биде бесплатен.

Можете да прочитате

Кривична пријава за случајот со демирхисарската гимназија – шест службени лица осомничени за злоупотреба

Лашкоска: Во координација со Владата, забрзано и системски работиме на санација на хидросистемот Ѓавато

Османи: Албанците нема да дозволат демонтирање на Охридскиот договор и поништување на нивниот државотворен статус