Утрински Весник
Македонија

МЗШВ со апел: Граѓаните да бидат претпазливи со цел спречување на појава на пожари на отворен простор

Pozar.webp.webp

Министерството ја потсетува пошироката јавност дека во периодот кој следи да биде особено внимателна бидејќи  поради високите температури ќе се зголеми ризикот  од појава на пожари на отворен простор и од суштинско значење е јавноста да ја разберат опасноста како и последиците од појавата на пожари на отворен простор и со своето однесување да придонесат кон  заштита и сочувување на шумите, односно животна средина, имотите и заедниците во целина.

ВАЖНО


– Лица кои вршат активности на земјоделски површини  како и сточарите да бидат особено внимателни при извршување на активностите и да не дојде до неконтролирано палење на земјоделско земјиште и пасишта што е строго забрането со закон и претставува казниво дело.

– Сериозни ризици – пожарите на ниво на предел директно ги загрозуваат човечките животи, имот и животната средина. – Правни последици – предизвикување на пожар на отворен простор е казниво дело.

– Клучен елемент за спречувањето на пожари од пошироки размер  е брзо откривање – јавноста да алармира на 112.

СОВЕТИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ

– Избегнување на палење на било каков оган за време на периоди на силен ветер или суво време.

– Пронаоѓање на побезбедни методи за расчистување на земјиштето и отстранување на горливиот материјал.

МЗШВ ги охрабрува сите граѓани да останат информирани и да преземат превентивни мерки за да се избегне појава на пожари на отворен простор

Исто така МЗШВ ја потсетува јавноста дека од 01.07.2025 година до 31.08. 2025 година ќе биде на  снага  целосна забрана за движење во шумите.

За таа цел се повикува јавноста да ја следи и да се приклучи на Програмата за управување со пожарите на ниво на предел (lfmwb.net) во која Министерството е партнер институција и активно работи на имплементација на активности и мерки дефинирани во програмата со фокус на превенција и подготвеност во управувањето со пожарите на ниво на предел.

Работејќи заедно, можеме да го намалиме ризикот и да ја обезбедиме безбедноста на нашите домови, имоти, шумите и животната средина.

Можете да прочитате

Манасиевски: Ги градиме темелите на економијата, доаѓа времето на Македонија

Перински: Отвореност, отчетност и граѓанско учество – клучни за ефикасна локална самоуправа

Спрема ли ВМРО-ДПМНЕ злоупотреби со личните карти пред избори, прашуваат од СДСМ